(Фото) Кејт Мидлтон направи пластична операција

Војвотката и сопруга на принцот Вилијам, Кејт Мидлтон направила естетска корекција на своето лице, пишуваат британските медиуми. На социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледа дека Кејт направила пластична операција.

Доктор Моунир Сомји објавил фотографија на „Инстаграм“ профилот на страницата на неговата клиника на која се наоѓа војвотката, пред и по поправките на нејзиното лице.

„Нашата Кејт сака малку „бејби ботокс“. На првата фотографија Кејт изгледа уморно и на лицето се гледаат брчки. На фотографијата по операцијата, лицето и изгледа мазно и блескаво. Погледнете ги ситните брчки на челото, но и на делот на челото меѓу веѓите“, напишал Сојми.

Оваа вест ја возбуди јавноста во Британија. Некои од медиумите пишуваат дека кралицата била бесна на ваквиот потег на нејзината снаа, затоа што кралското семејство не поддржува вакви комерцијални активности.

Се огласи и портпаролот на кралското семејство, кој ги негирал ваквите информации оквалификувајќи ги како неточни.

 

Scroll to Top