Кејт Мидлтон повторно ја оправда титулата најдобро облечена жена за 2025 година и се појави на свечен настан во комбинација што носи силна порака.
Имено, принцезата од Велс неодамна беше домаќин на женскиот рагби тим „Red Roses“ по повод нивната победа на Светското првенство во рагби за жени.
За оваа свечена пригода, таа одлучи да носи елегантен црвен костум што претставува совршена комбинација од формален пристап кон модата и шик облека.
Со изборот на црвена боја, Кејт сакаше да им оддаде почит на националниот тим на нејзината земја за нивниот голем успех, но и да му покаже на светот уште еден беспрекорен аутфит од нејзиниот омилен бренд Александар Меквин.
Костумот е украсен со асиметричен крој и широки панталони што ја истакнуваа нејзината витка фигура. Стилот го надополни со минималистичка шминка во земјени тонови, а косата ја стилизираше на препознатлив начин – се одлучи за брановидна фризура што паѓаше по рамената.






