(Фото) Кејт Мидлтон влечеше гуми тешки 20 килограми: Морам да тренирам

Принцезата од Велс Кејт Мидлтон (41) го посети англискиот факултет „Дерби“ по повод враќањето на офицери од експедиција на Антарктикот, која таа ја спонзорираше. Ги воодушеви сите кога зема да влече две гуми кои беа тешки по 20 килограми.

„Морам малку да тренирам“, рече принцезата, која објасни дека гумите се на капитенот на експедицијата Прета Чанди која ги влечела по патиштата во Дерби за време на нејзиниот тригодишен тренинг додека ја подготвувала санката.

Учесниците на експедицијата соборија светски рекорд за најдолга неподдржана соло поларно скијачка експедиција, минувајќи 922 милји односно околу 1.484 километри за 70 дена и 16 часа.

Кејт потоа им се придружи на студентите кои учествуваа во активности преку кои покажаа колку се напорни, колку долго се подготвувале и тренирале за истите и каква храна консумираат таму.

На крајот со Чанди и група ученици разговараше за колку е потребно градењето издржливост и одржување на менталната благосостојба во сите аспекти од животот.

„Капетанот Чанди беше огромна инспирација за мене и беше прекрасно да се види нејзиното патување и што успеа да постигне во оваа неверојатна цел“, рече Кејт.

„Искрено се надевам дека ќе ве инспирирам да верувате во себе и да ги поместите границите и вистински да работите на издржливоста. На тој начин помагате на многумина да ја одржат емоционалната и ментална благосостојба“, рече Кејт.

Scroll to Top