(Фото) Кејти Холмс заради новиот дечко се вози во метро

Глумицата Кејти Холмс, ги менува своите навики и заради новиот дечко, готвачот Емилио Витоло, се вози во метро. Поранешната жена на Том Круз се труди да живее нормално и да не се однесува како ѕвезда во врската со нејзиниот 8 години помлад дечко, пишуваат американските медиуми, кои ги објавија сликите.

„Кејти како да се откажала од луксузот додека ужива во новата романса. Освен во метро, таа сега патува и со ​​траект, вози изнајмени велосипеди и други градски возила“, пишуваат медиумите.

На сликите од метрото, Кејти (41) и Емилио (33) делуваат опуштено, носат маски, а Кејти делува и по малку неуредно, без шминка и коса врзана во пунџа.

Емилио, пред да го отвори ресторанот се занимавал со манекенство и често се дружел со познати холивудски личности како браќата Џо, Ник и Кевин Џонас, Дени Де Вито и дуги. Во неговиот ресторан гостите биле Барак и Мишел Обама, Лени Кравиц, Дензел Вашингтон и многу други.

Scroll to Top