(Фото) Кендал Џенер во љубов со НБА-кошаркарска ѕвезда

Ангелот на „Викторија сикрет“, манекенката Кендал Џенер, на Св. Валентин ја потврди љубовната врска со ѕвездата на НБА, Девин Букер.

Сестрата на Кардашјан-Џенер, по неколкумесечни шпекулации, конечно, на Денот на вљубените објави фотографија со кошаркарот на Феникс Санс, Букер.

Џенер и Букер беа забележани заедно уште лани во април по што американските медиуми постојано пишуваа за нивната врска. Беа фотографирани за време на заеднички шопинг и други активности, пренесува „Дејли мејл“.

Џенер претходно беше во врска со кошаркарите Блејк Грифин и Бен Симонс. А Букер се забавуваше со манекенката Џордан Вудс, поранешната најдобра пријателка на најмалата сестра од семејството Кардашјан-Џенер, Кајли Џенер.

Претходно месецов, пријател на Кендал и Букер изјави дека врската помеѓу кошаркарот и манекенката функционира затоа што тие не ја комплицираат.

„Ни Кендал ни Девин немаат големи очекувања или луди обврски еден кон друг“, рече пријателот на двојката за Entertainment Tonight додавајќи дека распоредот на двете sвезди е доста пополнет, за што и двајцата имаат разбирање.

Scroll to Top