(Фото) Ќерката на Деми Мур со креација од хрватската дизајнерка Вујица на Оскарите

Румер, ќерката на Брус Вилис и Деми Мур, на забавата по „Оскарите“ дојде облечена во фустан креиран од хрватската дизајнерка Матија Вујица. Румер го привлече вниманието со фустанот во златна нијанса, со длабоко деколте и бисери извезени преку тулот. Таа на забавата дојде со својата мајка Деми, која носеше црн фустан.

Вујица, освен за хрватските јавни личности, има креирано и за ѕвезди од регионот, но и за неколку ѕвезди од Холивуд. Таа откри дека по оскаровската забава организирала модна ревија во куќата на Мерилин Монро, во која легендарната актерка живеела до својата смрт, а дел од ревијата ја сподели на „Инстаграм“.

Инаку, како уште неколку глумици и пејачки, Румер за оскаровската забава облече веќе видена и носена креација. Таа го носеше истиот во 2018 година на хуманитарна забава во Лос Анџелес.

Scroll to Top