(Фото) Ќерката на Синди Крафорд потполно гола на насловната на „Вог“

Ќерката на Синди Крафорд, Каја Гербер (18), позираше гола за насловна страница на „Вог“. Станува збор за јапонско издание на познатиот светски магазин.

Убавината, витата линија и талентот за мода Каја го наследи од својата мајка, која со години беше една од најбараните и најплатени манекенки.

На насловна страница Каја позира само во високи црни чизми. Каја одамна има многубројни ангажмани со познати модни куќи.

За потсетување, Синди Крафорд двапати позира за „Плејбој“. Првпат во 1988 година кога имаше 22 години, а вторпат во 1998 година.

Scroll to Top