(Фото) Кети Пери на откачен начин откри дека носи девојче

Пејачката Кети Пери пред еден месец на јавноста и дека откри дека е бремена и заедно со нејзиниот партнер Орландо Блум ќе станат родители. Овој пат со прекрасна фотографија го откри и полот на бебето.

Кејт на „Инстаграм“ објави фотографија од Орландо, на која неговото лице е замачкано со розов шлаг. Во описот на фотографијата таа откри дека очекува женско дете – „Девојче е“.

 

На почетокот на март на еден концерт во Австралија, Кети го покажа трудничкото стомаче во публиката, па изјави „Се надевам дека е девојче“, па така сега и се исполни желбата.

За потсетување, дека е бремена, Кети откри во нејзиниот последен спот за песната „Never Worn White“ која ја објави на почетокот на март.

 

Scroll to Top