Холивудската актерка Кетрин Зита Џонс има необични манири на поздравување со својот свекор Кирк Даглас. Тие двајца се сретнале на добротворна забава на која актерката дошла со сопругот Мајкл Даглас и неговиот син Камерон.
Здогледувајќи го Кирк, Кетрин му пришла и го бакнала во уста, а таа сцена ја забележале бројните фотографи кои се нашле на вечерата. За само неколку часови фотографијата го обиколила светот, а коментари пристигнуваат од сите страни.
Познато е дека Кетрин има одлични односи со родителите на својот сопруг, па убавата глумица срдечно ја прегрнала и свекрвата, Ен Даглас.