(Фото) Кевин Спејси со бурма на раката, се шпекулира за тајна венчавка со партнерот

Американскиот глумец и продуцент Кевин Спејси, неделава бил сликан додека возел велосипед, со прстен на раката, кој многу наликувал на бурма, пишуваат светските медиуми.

Глумецот последен пат бил виден во мај оваа година, кога неговиот колега Ентони Рап, го обвини за сексуално вознемирување, во периодот кога имал 14 години.

Спејси, кој е обвинет за преку 30 сексуални напади на мажи, сега е виден со бурма на левата рака. Голем број од обожавателите на социјалните мрежи се збунети и прашуваат дали глумецот тајно се венчал.

За потсетување, Спејси во 2017 година призна дека е хомосексуалец. Никогаш се нема оженето и познат е по тоа што, сите овие години, додека беше во центарот на вниманието, немал партнер.

Спејси заработи отказ од хитот на „Нетфликс“, „Куќа од карти“, а отстранет е и од веќе завршениот филм „Сите пари на светот“, откако во јавноста излезе скандалот со педофилија.

 

 

Scroll to Top