(Фото) Киану Ривс снимен како купува свршенички прстен, глумецот планира да се жени

Киани Ривс планира да се жени, пишуваат светските медиуми. Глумецот бил виден како купува свршенички прстен во една златара во Лос Анџелес. Тој веќе четири години е во врска со уметничката Александра Грант, пренсе Daily Mail.

Медиумите пишуваат дека Ривс поминал околу 40 минути во златарата, а наводно прстените кои ги разгледувал биле украсени со смарагди, танзанит и други полускапоцени камења.

Тој дошол на мотор во црна јакна, фармерки и кафени чевли. Лежерната комбинација ја комбинирал со сив шал и очила за сонце. 

За потсетување Ривс и Александра се во врска од 2018 година, а во јавноста објавија дека се заедно дури година дена подоцна, кога беа видени на црвениот тепих.

Scroll to Top