Раперот Канје Вест создаде неколку успешни модни производи, но и оствари соработка со познати компании, како шт се ГАП и „Aдидас“, во текот на последните неколку години.
Музичарот и кандидат за претседател на неодамнешните избори во САД пред само пет години имал речиси 53 милиони долг, но сето тоа успеал да го намири, а според последните информации на „Форбс“, денес вреди приближно 1,3 милијарда долари.
The new Yeezys are just fancy Crocs @failingupwards pic.twitter.com/NubGlIs5a2
— Barstool Sports (@barstoolsports) September 12, 2019
Но, кога лани ги претстави своите визионерски патики за трчање, чија цена изнесуваше 400 долари, на социјалните мрежи почнаа да кружат шеги и исмејување.
Тоа продолжи откако Канје, со помош на сопругата Ким Кардашјан, ги претстави своите влечки Yeezy 450, а на многумина на „Твитер“ на памет им паднала истата финта, но проследена со потсмев и шеги на сметка на новата модна понуда на брачната двојка Канје и Ким – чудните влечки. Инаку, влечките чинат 65 долари.