Ѕвездата на реалното шоу Ким Кардашијан (37) објави фотографија на која позира во танга од брендот на „Гучи“ стара 21 година. Обожавателите во коментарите се пошегуваа на нејзина сметка и коментираа дека не е в ред старлетата да носи парче долна облека што е постаро од нејзините деца.
„Јадна танга. Можеш и подобро од тоа. Ова е така лошо. Па каков пример им даваш на своите деца со вакви фотографии и стил на облекување“, биле дел од коментарите под фотографијата.
Оваа танга беше дел од „Гучи“ колекцијата што излезе во 1997 година. Сè уште се продава на интернет и достигнува цена до 1000 долари. Голем број ѕвезди ја обожавале во тој период. Ова парче долна облека беше вистински хит на крајот на деведесеттите години.