Американската актерска легенда Кирк Даглас, кој за три месеци ќе полни 102 години, се најде во друштво на неговата неговата осумесечна правнука Луа Изи.
Фотографијата од нив двајцата ја направил внукот на Кирк, Камерон Даглас, кој со својата девојка Вивиен Тајбс ја добија Изи пред осум месеци.
Камерон и Вивен се решиле да и го дадат името Изи, по нивниот Кирк Даглас, чие првично име во младоста било Исур Данијеловиќ. Подоцна актерот се претставувал како Изи.
„Љубов“ напишал Камерон на сликата и ја објавил на „инстаграм“.
Семејството на Кирк Даглас, вели дека актерот и продуцент се чувствува одлично и дека засега нема проблеми со неговото здравје.