(Фото) Кит Харингтон и Роуз Лесли чекаат бебе

Ѕвездите на серијата „Игра на тронови“, Кит Харингтон и  Роуз Лесли чекаат бебе, пишуваат светските медиуми. Роуз позираше за списанието Make, а на црно-белата фотографија јасно се гледа нејзиниот труднички стомак.

Двојката се венчаше пред две години во Шкотска, а се запознаа додека ја снимаа популарната серија. Тие неодамна прославија втора годишнина од брак.

Фановите пресреќни за радосната вест, им честитаа на социјалните мрежи.

„Ова го чекавме со нетрпение“, коментирале дел од нивните анови и вљубеници во серијата и глумачката двојка.

Scroll to Top