(Фото) „Конечно имам големи гради“ – Бремената Мила Јововиќ се здебели 25 килограми

Глумицата Мила Јововиќ откри дека се здебелила 25 килограми во текот на третата бременост. Таа објави слика на инстаграм и се пошегува дека вишокот килограми и не е толку страшен, оти првпат во животот има големи гради.

„За некој што цел живот бил ‘даска’, мора да се пофалам дека сум среќна што конечно имам гради“, напиша, меѓу другото таа, и додаде дека има само уште девет седмици до породувањето.

Јововиќ (44), која е најпозната по улогата во филмот „Петтиот елемент“, откако остана бремена со третото дете, е сè поактивна на социјалните мрежи, и често раскажува како напредува во бременоста.

„И претходните два пати качив по 25 кила, ама сега до оваа бројка стигнав многу порано. Не вежбам, внимавам да не го загрозам бебето и не сакам да се изложам на ризик од спонтан абортус“, напиша таа. Популарната глумица неодамна призна дека пред две години имала спонтан абортус, во четвртиот месец од бременоста и дека тоа бил најлошиот период во нејзиниот живот.

По два развода, таа е сега во брак со писателот и режисер Пол Андерсон. Двојката се запозна на снимањето на филмот „Притаено зло“, а се венчаа пред десет години. Мила и Пол имаат две деца, син и ќерка.

Scroll to Top