Кортни Кардашиjaн и Тревис Баркер по трет пат разменија свадбени завети на романтична церемонија во италијанското одморалиште Портофино. Откако најстарата сестра Кардашијан го шокираше светот со темно, бизарно издание за гала вечерата пред свадбата,а сега направи далеку поубав и поелегантен избор.
Кортни до олтарот ја придружувала нејзината мајка Крис Џенер, а таа носеше едноставен бидермаер од црвени и бели рози.
Кортни беше облечена во ултра кратката бела венчаница на Долче и Габана изработена од комбинација на тантела и сатен, која всушност беше во форма на корсет што ја истакна и затегна фигурата на Кортни. Она што беше најизразено на нејзе беше долгиот превез на кој беше извезена фигурата на Богородица, како и цветните мотиви.
View this post on Instagram
Кортни го комплетираше изданието со проѕирни ракавици, бели салонки и дискретни дијамантски обетки.