(Фото) Кортни Кардашијан и Тревис Баркер веќе не ја кријат љубовта: Фотографирани на романтична вечера во Малибу

Ријалити ѕвездата, Кортни Кардашијан и музичарот Тревис Баркер, откако признаа дека се во љубовна врска во јануари, за прв пат се појавија заедно и во јавност. Тие неодамна беа фотографирани на романтична вечера во Малибу.
Во петокот вечерта, ѕвездата на „Keeping Up With The Kardashians“ и тапанарот на „Blink-182“ уживаа во романтична вечера во ресторанот „Нобу“ во Малибу, Калифорнија.

Ова е едно од нивните први официјални појавувања како пар во јавноста откако решија повеќе да не ја кријат љубовта.

„Му се допаѓаше Кортни долго време и таа едноставно стана поотворена за идејата. Тој е добро момче и навистина одличен татко. Нејзиното семејство и пријателите го обожаваат. Нивните деца исто така се согласуваат одлично, што е навистина слатко“, изјавил близок пријател на музичарот, за магазинот “Пипл”.

Минатиот месец, Кардашијан реши да стави крај на шпекулациите, потврдувајќи ја својата љубовна врска со Баркер со фотографија на социјалните мрежи на која се држеа за раце. И Баркер истата фотографија ја сподели на својот профил.

 

 

Scroll to Top