(Фото) Кортни Кардашјан со сопругот Травис разголени во новата реклама

Реалната ѕвезда Кортни Кардашијан и нејзиниот партнер тапанарот Травис Бакер на „Блинк 182“ позираа разголени во нова реклама за познат бренд на облека. Двајцата лежеа на софа. Травис без маица, а Кортни на себе носеше свилена ноќница со длабоко деколте.

Фотографиите ги објавија само еден ден откако го прославија неговиот 47 роденден. Семејството Кардашијан им посака сè најдобро додека Кортни објави кратка и убава порака за Травис.

„Неизмерно сум благодарна за денот кога си се родил. Среќен роденден. Ти си мажот од моите сништата, моја сродна душа. Тревис, ти ми го промени животот засекогаш“, му напиша Кортни.

Scroll to Top