Кортни, најстарата сестра Кардашијан, е во врска со четири години постариот Тревис Баркер, тапанарот на групата „Blink-182“. Иако тие двајца се пријатели со години, љубовната врска дури сега се појавила меѓу двојката, тврди извор за магазинот „Пипл“.
Минатиот викенд и двајцата објавија фотографии од куќата на мајката на Кортни, Крис Џенер.
„Се забавуваат околу 2 месеца, а заедно беа и на ручек кај Крис Џенер, во Палм Спринг“, изјави извор за „Пипл“, додавајќи дека Кортни и Тревис се долго време пријатели, но сега врската им прераснала во нешто повеќе.
Кортни од десетгодишната врска со Скот Дисик, со кого раскина во 2015 година, има три деца – Мејсон, Пенелопи и Реџина.
За разлика од неа, Тревис беше во брак двапати, а од вториот брак со актерката Шенон Моклер, кој заврши 2008 година, има две деца – Лендон и Алабама.