(Фото) Кортни Кардашијан во врска со тапанарот на групата „Блинк-182“

By

Кортни, најстарата сестра Кардашијан, е во врска со четири години постариот Тревис Баркер, тапанарот на групата „Blink-182“. Иако тие двајца се пријатели со години, љубовната врска дури сега се појавила меѓу двојката, тврди извор за магазинот „Пипл“.

Минатиот викенд и  двајцата објавија фотографии од куќата на мајката на Кортни, Крис Џенер.

„Се забавуваат околу 2 месеца, а заедно беа и на ручек кај Крис Џенер, во Палм Спринг“, изјави извор за „Пипл“, додавајќи дека Кортни и Тревис се долго време пријатели, но сега врската им прераснала во нешто повеќе.

 

  

 

 Кортни од десетгодишната врска со Скот Дисик, со кого раскина во 2015 година, има три деца – Мејсон, Пенелопи и Реџина.

За разлика од неа, Тревис беше во брак двапати, а од вториот брак со актерката Шенон Моклер, кој заврши 2008 година, има две деца – Лендон и Алабама.

Ќе ви се допадне

Watch Boruto: Naruto Next Generations Episode 161 (https://animefreak.ws/m/oj97/ep-161) at website https://animefreak.ws anime freaks tv

Watch Naruto: Shippuden Episode 442 at website https://crunchyrollfree.com vrv premium account list