1966 КЛАСИК
Оригиналните бои на костумот на Спајдармен биле црната и црвената, а поедини делови се исцртани со сино, поради ограничувањата кои ги наметнал, тој кој што го печател стрипот. Кога Џон Ромит постариот, го превземал цртањето на овој суперхерој, односно неговиот костим, тој станал син и црвен, а пајажестите крлица, се изгубиле од цртежот.
1984 Symbiote
Во текот на 1982 година, еден фан на стрипот за Спајдармен, Ренди Шулер, му ја испратил на Марвел својата идеја за новиот костим на својот омилен суперхерој. За чудо, челниците на студиото ја прифатиле неговата идеја, го откупиле концептот, и малку го доработиле со помош на Мајк Зек и Рика Леонардија.
1988 Модерен
Ѕвездата во подем Тод МекФарлан, го врати Спајдармен со изворниот изглед со мали промени. Тој ги врати пајажестите крлица, ја промени сината боја на костимот во црна, и додаде уште неколку линии на шарите на чизмите, ракавици и маска, а драстично ја зголеми големината на очите.
1992 2 0 9 9
Мигел О’Хара, беше генетичар во годината 2099. Кога по една лабораториска несреќа откри дека има натприродна моќ, решил да се посвети во борбата против злото и неправдата и со тоа стана првиот хиспано Спајдармен. Костимот на овој суперхерој го дизајнирал Рик Леонард, а изгледал како костим за Денот на мртвите во иднината.
1994 Скалретни Пајак
Клон Питер Паркер, за кого се мислеше дека одамна е исчезнат, се врати и сега се претставува како бен Рајли, познат и како Скарлатен Пајак. Костимот го дизајнираше Том Лајл, со идејата дека изгледа „како нешто што може да се склопи од некоја полица со половна роба“.
1996 Спектакуларен
Случајно се испостави дека Бен Рајли всушност е вистинскиот Питер Паркер, а дека Питер е клон! Бен ја превзема титулата и костимот, кој го дизајнираше Марк Бејгли, вистинскиот Спајдрмен, се додека не се испстави дека тој всушност е клон!
2000 Ултимативни
Кога Марк Бејгли во целост го превзеде цртањето на Спајдрмен, сината нијанса на костим стана далеку посветла, крилцата повторно се исфрлени, а големината на очите и густината на моделот на шарите на чизмите и мсаката зависела од тоа како бил цртан ликот.
2011 Ултимативнни II
Во алтернативниот универзум, Мајлс Моралес, одлучил да биде наредниот Спајдармен, поради тоа што ја наследил моќта кога Питер Паркер му починал пред очите. Моралес со тоа станува првиот црн Спајдрмен, а костимот го дизајнирала Сара Пичели, која е првата жена која го дизајнирала костимот за овој суперхерој.
2013 Супериорни
Кога го заменил телото со Питер Паркер, Док Ок (Доктор Октопус), во телото на Питер, решил да му докаже на светот како тој е посупериорен од Спајдермен. Неговиот костим го дизајнирал Умберто Рамос, по примерот на неискористените скици на Алекс Роса, кои биле нацртани како концепт за првиот филм, кој требало да го работи прочуениот продуцент Менајем Голан или Џемјс Камерон.
2014 Спајдерврска
Спајдермен исто така носел и костими кои траеле само по една авантура или Питер Паркер ги носел во другите универзуми. Марвел наредил да сите овие костими се појават на специјалниот настан наречен „Спајдерверзум“, во ноември 2014 година.
Колку креаторите на филмот успеаа да верно го пренесат стрипскиот изглед на големото платно.
2002 FILM/2004 FILM 2
Многу ценетиот и наградуваниот дизајнер Џејмс Ејксон, доби задача да го дизајнира костимот за сите три филмови на Спајдермен. Очите биле помали, како оние кои ги цртал Ромито, само благо триаголни. Оделото исто така добило и повеќеслојност, и основната шара била модел преку кој е изработен слојот на пајажестата шара.
2007 Film 3
Овде е искористена симбиотската верзија на костим, со бои прилагодени за филмот и благо изменети со амблемот на градите.
2012 Чудесни
За потребите на новите филмски инкарнации, на прочуениот суперхерој, костимографката Ким Берет, добила задача да направи костим кои се „разликува доволно, но не и премногу од претходните; онака исто но и поинаку“. Резултатот е класиечен костим на Спајдермен, комбиниран со Спектакуларниот и 2099 верзија на алатки.
2014 Чудесни 2
Овој костим е најприближно до оригиналниот. Режисерот Марк Веб, се врати на класичниот изглед на Спајдермен, за кои вели дека изгледа како да е оживеан стрип!
2017 Враќање дома
Новиот костим на Спајдермен, го дизајнираше Тони Старк, што значи дека овој костим има низа на технолошки помагала, кои овозможуваат да биде во чекор со остатокот од Филмскиот Марвел универзум. Крилата му се вратени, само што овој пат се активираат по желба, ракавиците кои испалуваат мрежа се компактибилни, и имаат уште некои новости, а комплетното одели е прилагодено за повеќе корисници со помош на технологијата на Старк.