Британската кралица Елизабета Втора покажа дека и на 95 години може да се вози во брзи автомобили, пишува „Дејли мејл“. Таа беше видена на совозачкото место од нејзиниот „ланд ровер“ во Норфолк во Англија, откако го најави аџилакот по повод 70-годишнината од смртта на нејзиниот татко, поранешниот крал Џорџ Шести.
Ја носеше препознатливата свилена марама и очила, а беше нашминка со кармин во розова нијанса.
Како дел од подготовките за годишнината од смртта на нејзиниот татко, кралицата на 6 февруари ќе има специјално организиран лет со хеликоптер, по што со автомобил ќе биде пренесена во Норфолк.
„Се подготвуваме за доаѓањето на кралицата. Ни рекоа дека таа ќе остане на имотот, а не во главната куќа, што е убаво бидејќи ова место секогаш имаше посебно место во срцето на покојниот принц“, рече извор близок до кралското семејство за странските медиуми.
По празниците таа го напушти замокот Виндзор и отиде во куќата на нејзиниот покоен сопруг принцот Филип, Вуд Фарм, имот кој се наоѓа во Сандрингам. Тоа беше нејзината прва посета на ова место по смртта на Филип. Таа годинава и првпат го помина Божиќ без него.
Иако по обичај таа празниците ги минува на имотот во Сандрингам, поради пандемијата овој пат остана во дворецот Виндзор. Таа беше со семејството, нејзиниот син принцот Чарлс, неговата сопруга и другите членови од кралското семејство.