Иако во последните неколку месеци во неколку наврати британските медиуми пишуваа дека кралицата Елизабета е тешко болна, па дури и дека е пред смрт, од палатата велат дека таа и понатаму цврсто седи на тронот, кој го презема пред речиси 70 години.
Оттаму велат дека кралицата е добро и дека има само ослабено десетина килограми.
Познато е дека Елизабета веќе некое време е во карантин во дворецот Виндзор, а тоа што ги вознемири нејзините фанови се најновите информации, кои говорат дека кралицата никогаш повеќе нема да се врати на кралските должности.
Сепак, од кралското семејство ги негираат ваквите шпекулации откако кралицата деновиве седми пат се појави во јавноста. Таа беше во посета на Центарот за анализа и енергетика во научниот парк „Портон Даун“. Ја придружуваше внукот, принцот Вилијам.
За време на посетата таа ги проучуваше разните вооружувања и тактики што ги користат противбезбедносните служби. Со неа беа и нејзините кучиња.
Кралицата ги демантира шпекулациите за нејзината лоша здравствена состојба, иако британските кинезиолози и нутриционисти истакнуваат дека според положбата на нејзините зглобови на нозете и рацет, може да се забележи дека таа има изгубена десетина килограми.
Тоа е еден од знаците дека кралицата можеби страда од некаква болест.
„Очигледно е дека кралицата има изгубено доста килограми. Тешко е да се погоди колку, но би рекле дека се десетина. Нејзините зглобови и нозете се потенки од кога било претходно“, велат експертите за британските медиуми.