Британската кралица Елизабета минатиот викенд слободното време го мина јавајќи на коњ низ својот дворец Виндѕор. Таа за првпат јавно излезе надвор, по изолацијата од коронавирусот.
Познато е дека Елизабета е одлична јавачка. Ги обожава коњите, а едно од нејзино хоби е и кладењето на коњски трки. Нејзиното прво богатство го заработила преку игрите на среќа. Првиот коњ, Елизабета го добила кога имала само четири години. Таа ужива во јавањето уште од раното детство. Сега го јаваше нејзиниот коњ Болморал Ферн.
Последен пат кога папараците ја снимила кралицата во јавност, беше на 19. март, кога од Бакингемската палата се пресели во дворецот Винѕор.