(Фото) Кралското семејство заедно за време на крштевката

By

Кралското семејство објави сет фотографии од крштевката на Луј, третиот син на принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт.

Четири фотографии направил познатиот фотограф Мет Холиок, по церемонијата на крштевката, пренесува Би-би-си.

„Сите биле релаксирани и добро расположени. Беше вистинско задоволство да ги фотографирам“, изјавил Холиок.

Другите фотографии од малиот принц, како и фотографиите на кои тој се смее, ги направил Мет Портеус, кој војводата и војвотката од Кембриџ го ангажирале да им биде приватен фотограф за тој ден.

Крштевката на принцот Луј е објавена на 9 јули, ден кога за првпат Влијам, Кејт и нивните три деца се видени заедно, како петчлено семејство.

 

На фотографиите се и војводата и војвотката од Сасекс, принцот од Велс и војвотката од Корнвел, семејството Мидлтон, вклучувајќи ја и сестрата на Кејтлин, Пипа, и братот Џејмс.

 

Ќе ви се допадне