Манекенката Криси Тајген и нејзиниот сопруг, музичарот Џон Леџенд, го изгубија бебето. Двајцата споделија фотографии на социјалните мрежи од родилиштето.
Криси на почетокот на неделава беше примена во медицинскиот центар во Лос Анџелес поради крвавење што траело повеќе од еден месец за време на нејзината бременост.
„Не успеавме да го запреме крвавењето и да му ја овозможиме на бебето течноста што му беше потребна и покрај трансфузијата на крвта. Едноставно, не беше доволно. Никогаш не одлучуваме како ќе се викаат децата додека не се родат, туку пред да ја напуштиме болницата. Но, од некоја причина ова момче во мојот стомак го викавме Џек. Така што засекогаш ќе остане Џек. Џек многу се трудеше да биде дел од нашето семејство и засекогаш ќе остане“, напиша Криси.
Таа изјави дека е благодарна што имаат две прекрасни деца Луна и Лајлс, но свесна е дека секој ден не може да биде совршен.
„Во овие најтешки денови од нашите животи, ќе жалиме и ќе плачеме, но ќе се прегрнеме најсилно што можеме и ќе се сакаме, па ќе поминеме низ тоа“, напиша Криси