Светската пејачка Лејди Гага е снимена како се бакнува со новиот дечко. Папараците ги снимиле двајцата на балконот во нејзината вила во Мајами. Гага со непознат маж била во опуштено издание, без шминка и фризура. На себе освен танга не носела ништо.
Минатата година пејачката ја раскина веридбата со менаџерот Кристијан Карино, а претходно и со глумецот Тејлор Кини. По филмот „Ѕвездата се роди“, кој го сними со Бредли Купер, во јавноста се шпекулираше дека е во врска со глумецот и дека таа му го растури бракот со Ирина Шајк.