Холивудскиот актер Леонардо ди Каприо и неговата девојка Камила Мороне (22) деновиве се на одмор на Бахамите во друштво на милијардерот Џеф Безос и на други славни и богати личности. Парот беше фотографиран додека разменуваше нежности на плажа.
View this post on Instagram
Сепак, многумина го коментираа изгледот на славниот актер. Тие велат дека тој толку многу се запуштил, што веќе ништо не му останало од некогашните мускли и згодно тело, туку дека опуштениот стомак станал негов заштитен знак.
View this post on Instagram
Ди Каприо и Мороне се заедно пет години, а лани имаше шпекулации дека се свршиле. Сепак, ниту еден од нив не се огласи по овие озборувања.