Актреот Леонардо Дикаприо објави фотографија од Скопје. Фотографијата е на фографот Роберт Атанасовски за АФП/Гети. На сликата мајка и дете се разладуваат среде фонтаната на скопскиот плоштад.
Дикаприо сликата ја сподели на „Инстаграм“ заедно со извештајот за влијанието на климатските промени на човековото здравје. Според извештајот што го сподели Дикаприо, температурите во пораст предизвикуваат екстремни временски настани, кои можат да влијаат на порастот на срцевите болести и смртните случаи, како и зголемена закана од нови заразни болести.
Извештајот е изготвен од научници на универзитетот „Џон Хопкинс“ од Балтимор, САД. Климатските промени, се вели во извештајот, посебно ќе влијаат на децата, повозрасните, луѓето со хронични болести и луѓето од ранливите категории.