(Фото) Лони Вилсон: Некогаш модел со слава и луксуз денес бездомничка која јаде од контејнери

Поранешната сопруга на американскиот актер и пејач Џереми Џексон (40), Лони Вилисон (37) порано беше модел кој уживаше во луксуз. По разводот таа исчезна и по две години беше пронајдена како бездомник, која живее на улица и се храни од контејнери. Некогаш убавата Лони сега изгледа непрепознатливо.

Лони и ѕвездата од серијата „Чувари на плажата“ беа во брак од 2012 до 2014 година, но тие се разведоа по многу кавги под влијание на алкохолот.

Во 2018 година, нејзините пријатели се обидоа да ја убедат да оди на клиника за одвикнување од наркотиците и да ги реши своите ментални проблеми, но таа потоа исчезна и сега е пронајдена во сосема друго издание, како друга личност.

Лони сега се појавила на улиците на Лос Анџелес како бездомник, изгледала многу постаро, и како што самата рекла за британскиот таблоди „Сан“ „одбива помош и не ѝ треба никој“.

Вилсон минатиот петок во Лос Анџелес туркала количка полна со облека, торба во која што се наоѓала перница. Во устата имала цигара, а нејзината руса некогаш долга коса сега е кратка и ишарана со розови прамени. Притоа била забележана како од контејнерите зема храна која што ја пронашла внатре.

– Не сум разговарала со Џереми. Не сакам да зборувам со своите пријатели, добра сум. Не сакам никој да ми помогне. Можам сама да се снајдам, имам се што ми треба тука. Немам мобилен телефон. Имам храна и место за спиење. Тука-таму наоѓам пари понекогаш, а во контејнерите во близина на маркетите има многу храна .Има многу работи тука – изјавила Лони за „Сан“.

Scroll to Top