(Фото) Лузната на главта на Кејт повторно главна вест во Англија

Принцезата кејт Мидлтон е фотографирана многу пати, а една нејзина фотографија објавена уште во 2011 година на која се гледа дека на левата страна на главата има светла линија од лузна ги покрена гласините. Во меѓувреме реагираше Бакингамската палата.

„Лузната на Кејт Мидлтон е поврзаната со операција што ја имала како девојче“, објавија од таму . Необичната линија повторно е актуелна, а Бакингамската палата не сака да коментира за каква операција станува збор, оправдувајќи го молкот со тоа дека операцијата е приватна работа. На тој начин само поттикна нови гласини.

 

Интернет лекарите за се и сешто веќе на големо пишуваат како и за „сериозни интервенции“ како отстранување тумор.

-Мислам дека не била сериозна интервенција, по изгледот на лузната би рекол дека е отстранување бенка или нешто слично, вели за Сан, хирург од Лондон.

 

Тој додава дека го чуди што лузната сепак толку долго останала скриена, иако, вели тој Кејт многу внимава на фризурата, а косата најчесто ја носи така што невозможно е да се види лузната.

Scroll to Top