Светската поп-пејачка Мадона објави фотографија ѝ се потсети на деновите во младоста. Таа вели дека тоа е период во кој работите не се одвивале секогаш како што планирала и дека не можела да ужива во раскошот како сега.
Мадона вели дека нејзиното семејство било толку сиромашно што таа ѝ нејзината сестра не можеле да си дозволат некоја брендирана облека од некој бутик.
Пејачката вели дека денес ѝ е многу драго што во тој период научила да шие. Мадона самата си го скроила фустанот за на матура. Горда е на сите практичните вештини кои ги стекнала во тој период, а сега се потсетила и на последниот средношколски ден.
„Мојата сестра Паула и јас за време на последниоте средношколски ден. Ги сошивме нашите фустани. Секогаш се срамевме што не можевме да си дозволиме фустани од бутик. Кога ќе погледам назадад, сега драго ми е што научив да ја користам машината за шиење. Погледнете дека немам деколте или голи колена. Тато Чиконе беше многу строг“, напишала Мадона на социјалните мрежи.