(Фото) Мадона во врска со 34 години помладо момче

Кралицата на поп-музиката Мадона, која моментално престојува во Мајами, е во врска со 34 години помлад танчер. Таа за време на патувањето во САД била видена со нејзиното ново момче  Ахламалик Вилијамс со кого таа соработува.

Двајцата биле видени и сликани на балкон во хотелот каде што престојуваат. Како што пренесуваат медиумите, нејзината ќерка Лурдес вели дека нема проблеми со изборот на новото момче на мајка си. Мадона е позната по тоа што во минатото често се забавувала со помлади дечковци.

Со танчерот Брахим Залибат излегувала кога тој имал само 23 години, а со Тимор Стефенс кога имал 26 години. Мадона исто така излегувала и со моделот Кевин Сампаи, кој кога излегувал со пејачката имал 31 година.

 

Scroll to Top