(Фото) Мајкл Даглас не го тргна погледот од Кетрин Зета Џонс на премиерата на новиот филм во Лондон

Еден од најпопуларните холивудски парови, Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас се појавија на црвениот тепих на премиереата на новиот филм за „Човек мравка“, Ant-Man i Wasp: Kvantumanija во Лондон.

Двајцата се прошетаа на црвениот тепих држејќи се за рака. Медиумите пренесоа дека изгледале заљубено како од првиот ден. Кетрин носеше елегантен син фустан, а за Даглас пишуваа дека не можел да го тргне погледот од неа.

За потсетување во брак се 22 години иако многумина им замеруваа и коментираа за разликата во годините. Се запознаа на филмски фестивал во 1998 година, а Даглас рече дека од прва знаел дека ќе биде мајка на неговите деца.

Scroll to Top