(Фото) Мараја Кери се преполови

48-годишната ѕвезда Мараја Кери со години мачи мака со килограмите. Но, на последните слики се гледа дека пејачката е преполовена, а таблоидите пушуваат дека пејачката направила операција за намалување на желудникот.

Според американските медиуми, Мараја во минатото инсистирала сите нејзини фотографии да бидат обработени во фотошоп пред да се објават јавно. Тие пишуваа и дека Мараја паднала во депресија заради килограмите, па затоа се решила да се оперира, да ослабе и да си ја крене самодовербата.

На последните фотографии, направени пред ресторан во Њујорк, Мараја е непрепознатлива. Таа носи тесен фустан во кој се гледа дека нејзините облини се многу намалени, ама и дека има рамен стомак, како на почетокот на кариерата. Таа е фотографирана во друштво на момчето Брајан Танака.

Scroll to Top