Пејачот Марк Ентони (53) ја побара за жена 30 години помладата девојка Надја Фереира, која е поранешна Мис Универзум. Таа на Инстаграм објави слика од дијамантскиот прстен, а на фотката се гледа и дека Марк ја прекрил со црно тетоважата од името на Џеј Ло, која ја направи пред тие да се венчаат 2004 година.
Ова ќе биде четврти брак на Ентони, а петта свршувачка. Тој првиот пат ја побара за сопруга актерката Клодет Лали, но раскинаа пред венчавката. Потоа се ожени со Дајанара Торес во 2000 година и нивниот брак траеше четири години.
Во 2004 година се ожени со Џенифер Лопез и иако се разделија во 2011, официјално се разведоа во 2014 година. Од тој брак ги има близнаците Ема и Максимилијан. Откако се разведе од Џенифер, пејачот се ожени со манекенката Шенон Де Лима од која се разведе три години подоцна.
Освен близнаците што ги има со Лопез, Марк е татко на уште четири деца.
За Надја Фереира ова ќе биде прв брак.