(Фото) Меган и Хари со новогодишната честитка на Инстаграм

Меган и Хари објавија новогодишна честитка до сите свои следбеници на Инстаграм, на која се најде компилација од најважните моменти во 2019.

Во фокусот на нивните најубави моменти е  раѓањето на нивниот син Арчи. Во компилацијата се најде и нова фотографија од него, снимена за време на празниците во Ванкувер.

Арчи на фотографијата носи нова капа, јакна и чизми од овча кожа, подарок од австралискиот гувернер Питер Кросгрув.

„Ни беше чест да се запознаеме со сите вас ширум светот и едвај чекаме да запознаеме уште повеќе следната година. Се надеваме дека 2020 ќе ви донесе здравје и среќа“, пишува во описот на видеото.

 

Scroll to Top