Во вторникот Кенсингтонската палата објавила официјално соопштение во кое стои дека Меган Маркл ќе преземе две должности од кралицата Елизабета Втора: грижата за Националниот театар и Фондацијата на универзитетот Комонвелт, како и дека ќе стане кралска покровителка на организацијата за заштита на животните The Mayhew, како и на хуманитарната организација Smart Works, која им помага на невработените и загрозени жени да најдат работа.
Меган уште веднаш ги посетила овие две организации и го привлекла вниамнието изборот на гардероба за таа пригода, особено со изборот на чевли.
Црно-бели салонки, чевли од брендот Џанвито Рози, кои Меган ги има со години уште пред да се омажи со принцот Хари.
Салонките, кои ги красат впечатлив принт и проѕирни детали, војвотката ги искомбинирала со црн фустан за трудници од брендот Хач и беж капутот од модната куќа Оскар де ла Рента, како со интересните обетки од брендот Кимаи.