(Фото) Мет Лебланк пушти стомак, глумецот повеќе не личи на Џои од „Пријатели“

Американскиот глумец Мет Лебланк, познат по улогата на Џои Трибијани во култната серија „Пријатели“, ги изненади сите со својот запустен имиџ.

Иако не се појавува често во јавност, папараците успеаа да го снимат на еден паркинг во трговски центар во Лос Анџелес. Популарниот Џои изгледа како да не сака да го препознаат на улица пишува „Мирор“. Тој на себе носеше капа и очила за сонце кои му покриваа лицето.

Сепак некои од фановите го препознаа, а фотографиите брзо се раширија на социјалните мрежи. Глумецот носеше широка црна маица, тренерки и спортски патики. Многу му напишаа дека многу се здебелил и дека повеќе не личи на Џои од „Пријатели“.

Scroll to Top