(Фото) Метју Пери се запусти до непрепознатливост, фановите не можат да го препознаат омилениот лик од „Пријатели“

Метју Пери ги изненади фановите со новиот имоџ. Фановите последен пат го видоа минатата година во ноември, на црвениот тепих на забавата за избор на „Маж на годината“, а сега папараците го снимија пред неговиот дом во Лос Анџелес. Носеше сива кошула и фармерки, но она што најмногу остави впечаток беа неговите подочнаци, запустената брада и седата коса.

„Изгледа исцрпен“, коментираат фановите.

Пери долго време се бореше со зависноста од алкохолот и дрогите. Прво почна да го користи лекот „Викодин“, за да ги намали болките кои ги имаше од несреќата на скутер на вода. Тогаш почна и падот на неговата кариера. Брзо потоа се навлече на теблети и почна да зема метадон и амфетамин.

Потоа почна зависноста од алкохол, па мораше и да оди на одвикнување. Минатата година ја издаде книгата Friends, Lovers and the Big Terrible Thing, во која откри за деловните и приватни успеси и неуспеси. По промоцијата, многу малку се појавува во јавност.

Во мемоарите откри дека во еден момент од неговиот живот имал само два проценти шанси да преживее. Тоа било време кога земал разни супстанци кои предизвикало оштетување на дебелото црево. Два месеци морал да биде во болница, а одреден период лекарите го оставиле и во кома.

Поради зависноста имал 14 операции на абдоменот и 15 пати бил на рехабилитација. Неговиот стомак е целиот со лузни за кои рече дека му служеле како потсетник да остане трезен.

„Морав да почекам додека не станав трезен за да ги запишам сите овие работи. Најважно ми беше да им помогнам на другите“, рече Пери по промоцијата на книгата.

Пери зборуваше и за хит серијата „Пријатели“ и рече дека тоа бил период кога бил трезен. Останал трезен цели девет сезони, а во тоа време го номинираа и за најдобар глумец. Но, призна дека и во тоа време земал 55 таблети „Викодин“ дневно и дека ослабел 55 килограми, баш за снимањето на серијата.

Рече дека не знаел како да престане. Зависноста му се влошила, а колегите од серијата имале разбирање и трпение со него.

 

Scroll to Top