(Фото) Моника Белучи со голи гради на насловната на „Мадам“

Моника Белучи (58) една од најубавите жени во светот се фотографираше за насловната страница на магазинот „Мадам“ со проѕирна блуза. На фотографијата таа носи црни панталони со висок струк во комбинација со проѕирна златна блуза, под која се гледаат градите. „Феминизам е кога во целост можам да ја проживеам својата женственост“, пишува на насловната страница.

Моника Белучи на Инстаграм ја следат повеќе од 4,8 милиони фанови. Таа ја сподели фотографијата наменета за насловната на списанието „Мадам“ и има 147.000 лајкови за нецели 20 часа.

Моника ја имаше честа нејзината фотографија да биде претставена на изложба во галерија во Милано. Познатиот италијански фотограф Џан Паоло Барбиери, чијашто долгогодишна муза е актерката, ја фотографирал Моника Белучи во 2000 г. за познат моден бренд. Тогаш, според многумина, таа беше на врвот на својата кариера и убавина, иако и денес може да се пофали со својата убавина.

 

Scroll to Top