(Фото) На Доналд Трамп му се роди внука

Ерик Трамп, синот на претседателот на САД Доналд Трамп со сопругата Лара го добија  ќеркичка на која ѝ го дадоа името Каролина Дороти.

Доналд Трамп радосната вест ја сподели на социјалните мрежи и им го честиташе на неговиот син и сопругата нивното второ дете.

„Ви честитам Ерик и Лара. Толку сум горд“, напишал Трамп на својот твитер-налог.

Слична порака претседателот напиша и на „Фејсбук“ заедно со фотографија на која се гледа и Каролина со родителите. Веста за раѓањето на наследничката прво ја сподели Ерик.

Scroll to Top