(Фото) Најбогатиот човек на светот, со девојка му на црвениот тепих во Индија

Најбогатиот човек на светот и основачот на компанијата „Амазон“, Џеф Безос заедно со својата девојка Лорен Санчез се појави на црвениот тепих во индискиот град Мумбај, каде се одржа вечера во чест на Amazon Primea.

Ова е прв пат во последните пет години Безос да ја посети Индија. Безос стигна на црвениот тепих во одело со необични црно-бели дамки, додека неговата шест години помлада избраничка пристигна во црвено-црн фустан. Двојката службено ја почна врската пред повеќе од година дена, откако јавноста дозна за неговата вобрачна врска.

Набрзо потоа Безос поднесе барање за развод од неговата долгогодишна сопруга Мекензи. Светските медиуми неодамна ја снимија Лорен со дијамантски прстен на десната рака, па многу од нив шпекулицаат дека Безос веќе ја има запросено.

Основачот на „Амазон“, пред да се разведе од сопругата Мекензи тежеше 38,3 милијарди долари, објави „Блумберг“. По разводот, најголемата светска интернационална компанија, објави дека четири проценти или 19,7 милиони акции треба да бидат регистрирани на име на Мекензи Безос, откако судот ќе го одобри разводот.

Мекензи вети дека половина од богатството ќе го даде на хуманитарни цели.

Scroll to Top