Светскиот модел Наоми Кембел повторно позира гола. Фотографиите ги објави на социјалните мрежи и објасни дека и покрај тоа што има педесет години, не се срами да објавува фотографии на кои е гола.
Кембел на себе има само потпетици и шапка, а фотографијата многу бргу собра над 200.000 лајка. Од фановите доби само пофални коментари.
„Неверојатно тело“, „Ми се допаѓаш“, биле само некои од коментарите.
Ова не е првпат црната пантерка, прекарот по кој е позната Наоми, да се соблече гола. Пред неколку месеци таа на социјалните мрежи објави фотографија на која позира гола во пустина во Кенија.
Наоми откри дека за разлика од минатото, сега не се срами да го покаже своето тело.
„Долго време ми требаше да го засакам моето тело и да се чувствувам убаво во сопствената кожа. Тоа, едноставно, доаѓа со годините“, објасни манекенката.