(Фото) Ник Нолти пред 27 години беше најсекси маж на светот, а денес личи на бездомник

Глумецот Ник Нолти, кој 1992 година беше избран за „најсекси маж на светот“ според магазинот „Пипл“, денес потсетува на бездомник, пишуваат американските медиуми. Фотографите го сликаа 78-годишниот глумец додека јаде пред маркет и напишаа дека изгледа непрепознатливо. Тој последниве години ретко се појавува во јавноста и речиси  секогаш е облечен во тренерки или широки панталони што личат на пижами, пишуваат тие.

Нолти во својата кариера има снимено преку 50 филма, а трипати беше номиниран за „Оскар“. Кариерата ја почна во театар, но набргу потоа почна да снима филмови и стана светска ѕвездда. Еден од најпопуларните филмови кои ги сними е „48 часа“ со Еди Марфи.

Покрај актерството, тој е познат и по својот бурен приватен живот – борба против зависности и со многубројни неуспешни љубовни врски. Нолти се женеше четирипати и има две деца.

Scroll to Top