(Фото) Никол Кидман како восочна фигура

Американската актерка Никол Кидман претерала со операциите и затегнувањето на лицето, велат голем број фанови коментирајќи го младешкиот изглед на актерката на доделувањето на филмските награди во Италија.

Актерката на 65. доделување на наградите на Taormina Film Fest на Сицилија го украде вниманието со својот младешки лик, за кој вели дека не е резултат на никакви хируршки интервенции. Кидман на почетокот тврдела дека нејзиниот добар изглед е резултат на здравиот начин на живот, но подоцна призна дека користи ботокс.

„Искрено сè е на мене природно. Користам само заштитна крема за сончање и не пушам. Се грижам за себе и горда сум што можам да се пофалам со таквиот начин на живот“, изјавила на почетокот Кидман, која подоцна под притисок на јавноста призна дека пробала ботокс.

„Имам пробано многу работи, но освен спорт и добра исхрана малку од овие работи имаа ефекти. Дури испробав ботокс, но не ми се допадна како изгледаше моето лице по третманот“, изјавила Кидман.

 

Scroll to Top