Манекенка Никол Потуралски го откачи холивудскиот глумец Бред Пит и му се врати на сопругот, Роланд Мари, шеесет и осумгодишниот германски бизнисмен и сопственик на познат синџир на ресторани..
Никол била видена во друштво на Роланд со кого сè уште не е разведена. Двајцата биле снимени во Берлин, а фотографиите ги објави „Дејли мејл“. Според реакцијата на фановите, Никол уживала во друштвото на Роланд и очигледно е дека решила да му каже збогум на Бред.
Претходно, Роланд за медиумите откри дека нема никаков проблем со тоа, неговата сопруга, со која има едногодишен син, да се забавува со холивудскиот глумец и дека нивната врска била отворена.