(Фото) Николас Кејџ го промени имиџот, фановите не го препознаа

Холивудскиот актер Николас Кејџ го промени имиџот и фановите не можеа да го препознаат. Тој ја бојадиса косата  црвено и пушти брада. Фотографијата ја објави и на „Твитер“.

„Само Николас Кејџ и неговата нова црвена коса. Тоа е тоа. Тоа е твит“, му коментираа обожавателите. Кејџ во моментов не снима филм, па промената не е поради работата, како што тоа е често случај со другите актери.

За потсетување, Кејџ пролетта гостуваше во шоуто на Кели Кларксон и откри дека очекува девојче со сопругата Рико Шибата. Тој рече дека ќе ја крстат Ленон Оги по покојниот легендарен пејач Џон Ленон и неговиот покоен татко Аугуст, Ауги Кополи.

За потсетување, Кејџ и Шибата се запознаа во Јапонија во 2020 година, а недолго потоа се свршија. Се венчаа на 16 февруари минатата година на интимна церемонија во Лас Вегас.

Scroll to Top