(Фото) Николас Кејџ непрепознатлив во новата улога

Глумецот Николас Кејџ продолжи со снимање на новиот филм „Сценарија од соништата“. Филмот го снима во Торонто, а фановите не можеа да го препознаат во новата улога. Маскиран во ќелав маж, со костум, Кејџ делува многу постаро од вообичаено. Фановите велат дека не можат да го препознаат со новиот имиџ.

„Ќелав е и има поинакво лице, а и носот му е променет. Со очилата, неколкуте килограми вишок и сивата облека, изгледа поинаку“ велат тие.

Се очекува снимањето да трае до 19 ноември. Во филмот играат и Тим Медоус, Мајкл Сера, Џулијан Николсон и Дилан Бејкер.

Во понеделникот извршниот директор на C2 Motion Picture Group, Дејв Каплан, потврди дека Кејџ ќе биде копродуцент и ќе глуми во психолошкиот трилер Longlegs кој ќе се снима следната година.

Кејџ наводно доби околу 3 милиони долари од Universal Pictures за споредната улога на грофот Дракула во хорор комедијата на Крис Мекеј Ренфиелд, кој во американските кина ќе се појави на крајот на 14 април. Во моментов заработува околу 4 милиони долари по филм, пишува Daily Mail.

Scroll to Top